Свет
21. March 2017 - 10:07

Амано: Северна Кореја ги унапредила своите нуклеарни капацитети

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукија Амано предупреди денеска дека Северна Кореја во последно време ги унапредила своите нуклеарни капацитети и двојно ги зголемила величината на своите посторојки за збогатување ураниум.

Во интервју за „Волстрит журнал“ тој рече дека ситуацијата е многу лоша и дека Пјонгјанг е во нова фаза.

- Сите показатели укажуваат на фактот дека Северрна Кореја прави напредок како што имаше намера, изјави директорот на ИАЕА.

Вознемиреноста на меѓународната заедница е зголемена поради воените амбиции на Пјонгјанг за нукелеарните проби минатата година, а во почетокот на овој месец испука четири ракети како вежби за напад врз американска воена база во Јапонија.