Loading Video...
Ракомет
15. February 2021 - 16:33

Алушоски тажен за поразот, но задоволен од прикажаната игра

Вардарци во Скопје беа поразени од унгарскиот ПИК Сегед со 26-28 во моч во кој црвено-црните имаа и три голови предност во 40-татат минута, но промашените зицери и пенали во финишот го чинеа тимот пораз.  
 
„Го одигравме можеби најдобриот меч оваа сезона. Јас сум малку тажен затоа што загубивме, ама сум среќен затоа што одиме во една добра насока со тимот. Се трудиме да бидеме секогаш фокусирани и спремни на сите предизвици“, изјави по мечот тренерот на Вардар, Стефче Алушовски. 
 
На прес конференцијата екс вардаровецот Жоан Кањељас за кратко се потсети на македонскиот јазик, а потоа на англиски не го криеше задоволството од победата потенцирајќи дека иако неговиот тим не го прикажал најдоброто, но сепак е остварена важна победа. 
 
Веќе во четврток овие две екипи треба да го одиграат и вториот меѓусебен меч и тоа во Унгарија.