Македонија
25. November 2021 - 16:47

Алтернатива утре ќе одлучува за влез во Владата, СДСМ за оставката на Заев

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев утре вечер треба да ја поднесе оставката за својата партиска позиција пред членовите на Извршниот и Централниот одбор. Сообраќајната несреќа во Бугарија ги одложи првичните планови тоа да се случи во вторникот.

По констирањето на оставката, согласно партискиот статут, Извршниот одбор во рок од 15 дена треба да донесе одлука кога би се одржале внатрепартиски избори за нов лидер.

Плановите, согласно најавите на Заев е социјалдемократите е да добијат нов лидер до 14 декември односно до Советот на ЕУ на кој ќе се одлучува за почеток на прегворите за членство во Унијата.

Но, освен за оставката Заев ќе треба да реферира и за преговорите околу дооформување на мнозинството во парламентот  со Алтернатива. Впрочем, новиот лидер на СДСМ Заев го најавува и за нов мандатар за составување на влада.

Истовремено, утре попладне партијата на Гаши ќе има Централно претседателство на кое ќе треба да се одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев. Таму мислењата дали се биде власт или опозиција се уште се поделени.

Според Реџепи, кој е еден од 4 пратеници на Алтернатива,  услов за влада треба да биде решение за политички монтираните случаи кои се случувале изминативе години како дел од партиските определби на партијата.

Состаноците на двете партии ќе бидат точно по една недела од лидерската средба Заев-Гаши. Влезот на Алтернатива во владината коалиција ќе значи власта од 60 пратеници да се искачи на 64 и да го има мнозинството во Собранието.

Видеа од Македонија