Македонија
16. November 2021 - 16:58

Алтернатива следната недела ќе одлучува за влез во Владата

Централното претседателство на Алтернатива следниот вторник ќе решава дали ќе ја прифати поканата на премиерот Заев за средба. Од партијата на Гаши за Сител потврдуваат дека следните 7 дена нема да има ниту средба ниту одлука дали Алтернатива ќе се приклучи кон Владата. Партијата засега останува во опозиција.

И додека се чека одлуката на Гаши, пратеници од владејачката партија остануваат на ставот дека мнозинството е стабилно и ќе расте, но детали не се откриваат. Вицепремиерот Битиќи пак вели дека во периодот до нова година Македонија ќе добие „Влада Заев 3“ со повеќе нови министри. Следната година Битиќи сепак очекува Заев да ја поднесе најавената оставка.

За ВМРО-ДПМНЕ ваквите најави се само уште еден доказ дека Заев ги излажа граѓаните за оставката.

Но за да има реконструкција на Владата, владејачката коалиција ќе мора да обезбеди 61 пратеник. Ниту денеска во Собранието нема јасна слика кои партии имаат мнозинство.   Власта тврди дека БЕСА е сеуште дел од  Владата, а оставките кои ги поднесоа нејзините функциоенри се уште не се верификувани од законодавниот дем.

Првиот тест за владејачкото мнозинство ќе биде гласањето на буџетот за следнат година.