Македонија
18. December 2021 - 21:15

Алтернатива презентираше дел од носителите на јавните функции кои ги договори за новата Влада

Заврши состанокот на Централното претседателство на Алтернатива.

Потпретседател на Собранието ќе биде Хисни Исамили, Беким Сали ќе го наследи Венко Филипче, а министер за информатичко општество ќе биде Адмирим Алити.

Џемаил Чупи пак е новиот министер без ресор за дијаспора. Избрани се и тројца заменици министри за земјоделие, образование и култура, а објавени се и имињата на неколку директорски позиции.