Бизнис
29. јуни 2022 - 20:15

Алкалоид со инвестиција вредна 1.3 милиони евра

„Алкалоид“ пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милиони евра

Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза.

Новиот објект се простира на површина од вкупно 1,620 м2. Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.

Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милиони евра беше извршено од страна на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата.

Во складишните капацитети на „Алкалоид АД“ Скопје вработени се вкупно 120 извршители.