Алкалоид со инвестиција од 11 милиони евра за проширување на производството
Фармацевтскиот гигант Алкалоид инвестира 11 милиони евра за проширување на производството. Новите производни одделенија ќе се простираат на површина од 7.000 квадратни метри и ќе отворат околу 200 нови работни места.
Инвестицијата ќе овозможи зголемување на капацитетите за производство за најмалку 50%, односно од сегашниот капацитет од речиси 2 милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од 3 милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.
-Планираната инвестиција е во склад со политиката на компанијата за вложување во капитални проекти, а со оглед на тројното зголемување на консолидираните приходи од продажби во изминативе 15 години, ваквиот потфат беше неопходен за овозможување на уште поинтензивни пласмани и континуиран раст“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на компанијата.
Комплетирањето на оваа инвестиција, планирано за првата половина од 2020 година.
Во изминатите две децении Алкалоид во сегментот фармација има инвестирано околу 200 милиони евра.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари