Македонија
10. јуни 2021 - 19:45

„Алкалоид“ со хуманитарна акција го слави 85 роденден

“Алкалоид” во нова хуманитарна кампања за малите пациенти кои се лекуваат на Клиниката за детски болести. За 85 - годишниот јубилеј преку видео спот за култната песна “Чукни во дрво” препеана од децата од “Дајте музика” кој од денеска ќе биде поставен на дигиталните канали на “Алкалоид” на “Јутјуб”, “Фејсбук” и “Инстаграм” со секој преглед на видеото Компанијата ќе донира по еден денар на Детската клиника. 

Во видео спотот е пренесена пораката на благодарност до општествените категории граѓани кои и за време на пандемијата не запреа со дејноста.

Оваа кампања на “Алкалоид” ќе трае до 20 септември годинава.