Фудбал
17. May 2021 - 9:49

Алисон е првиот голман во историјата на Ливерпул кој постигнал гол на официјален натпревар

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер стана првиот голман во клупската историја кој постигнал гол на официјален натпревар.

Ливерпул го совлада Вест Бромвич со 2:1 благодарение на голот на Алисон во петтата минута од судиското надополнување и ги зачува шансите за пласман во Лигата на шампионите.

Овој гол Бразилецот му го посвети на својот починат татко Хозе Бекер кој почина во февруари 2021 година на 57-годишна возраст. Тој се удави во езеро во близина на неговата викендичка во јужен Бразил.