Loading Video...
Фудбал
8. May 2021 - 15:40

Алиоски со Лидс го надиграа Тотенхем

Екипата на Лидс Јунајтед за која настапува македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски оствари нова победа. 
 
Овојпат Лидс на домашен терен го надигра Тотенхем совладувајќи го со 3:1 
 
Домаќините одлично го почнаа мечот и со голот на Далас во 13.минута поведоа со 1:0. Сепак Тотенхем се врати во игра во 25.минута со погодокот на Сон. 
 
Во финишот на првиот дел односно 42.минута токму по асистенцијата на  Алиоски кон Бамфорд, домаќините одново дојдоа до предност. 
 
Родриго во 84. минута ги постави конечните Лидс Јунајтед – Тотенхем 3:1.
 
Со оваа победа и трите освоени бодови Лидс се врати во игра за место кое носи пласман во Лигата на Европа, додека Тотенхем е се подалеку од позициите што носат учество во Лигата на шампионите следната сезона.