Фудбал
1. January 2019 - 19:42

Алиоски ја „отвори“ Новата Година со гол

Одличен старт во новата година  за македонскиот интернационалец Езџан Алиоски кој постигна гол за својот Лидс Ј.   во втората англиска лига но за жал на крај бодовите ги освои  домашниот тим на Нотингем Форест.

                Лидс беше на прагот на нова победа на жешкиот терен во Нотингем откако Алиоски во 65. Минута  го донесе својот тим до предност од 2-1 но гостите дозволија во финишот дури три погодоци во својата мрежа што на крајот значеше пораз од 4-2.

                За Алиоски сепак ова е важен гол

  во новата година , вкупно 4-ти во чемпионшип каде Лидс останува и натаму на врвот на табелата со 51 бод , два повеќе од Норич кој ремизираше кај Брентфорд.  Најмногу од киксот на водечкиот двоец профитираше  Шефилд Ј. Кој по победи Виган во гости со 3-0.