Алијанса за Албанците: Албанците во затвор без докази, Катица Јанева одмара дома
Сведоци сме на една горчлива реалност и сè повеќе корумпиран судски систем. Сведоци сме на делумна и политизирана правда. Сведоци сме на губење на надежта за иднина во нашата земја.
Алијансата за Албанците отсекогаш била гласна за сите неправди што се прават. Но, случајот „Рекет“ дефинитивно го намали кредибилитетот на Специјалното Јавно Обвинителство, при што главниот осомничен е специјалната обвинителка Катица Јанева за злоупотреба на службената должност и корупција. Нагласуваме дека ова беше шокантен момент за граѓаните од каде ја загубија сигурноста и довербата во Специјалното Јавно Обвинителство и целосно во судскиот систем.
Алијансата за Албанците остро реагира на одлуката на Апелациониот суд, кој ја прифати жалбата на поранешната обвинителка Катица Јанева, дозволувајќи да биде на куќен притвор. Нагласуваме дека имало десетици случаи на албански затвореници за политички монтирани случаи, против кои истиот суд одби да ја изрече мерката куќен притвор.
Ја потсетуваме јавноста дека Апелациониот суд неправедно одлучи и за случајот на Фета Алими, при што повеќе пати беше одбиено барањето на одбраната да го ослободи Фета Алими од притвор на куќен притвор.
Ова е нашиот правосуден систем кој често работи на двојни стандарди, што е истовремено и најтемната дамка на нашето општество. Овој правосуден систем, заедно со државната полиција која не успеа да го спречи бегството на Никола Груевски, е истиот што не донесува пресуди во случаите што ги отвори Специјалното Јавно Обвинителство, ова е „правдата“ што денес ја пушти Катица Јанева на куќен притвор додека неправедно ги држи Фета Алими и другите Албанци за монтирани политички процеси.
Алијансата за Албанците смета дека оваа влада и нејзиното влијание во судството со вакви одлуки овозможуваат да се избегне кривичната одговорност.
Ова е уште една причина поради која правосудниот систем треба итно да се реформира, и дека сите судии, обвинители, но и јавни службеници треба да бидат подложени на процесот на ветинг и треба да одговорат за нивниот професионален и морален кредибилитет.
Овој систем на правда, со партиски судии и обвинители избрани од партиските канцеларии на ВМРО-ДУИ-СДСМ, станува главна пречка што го загрозува животот во нашата земја, безбедноста на граѓаните и интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка