Македонија
23. December 2020 - 16:46

Алијанса на Албанците бара македонскиот јазик да биде изборен за учениците Албанци

Зошто македонскиот јазик да не биде изборен предмет за албанските ученици. Коалицијата на Алијанса и Алтернатива со жестока реакција за новиот концепт на основното образование, кој предвидува албанскиот јазик да се изучува како изборен предмет од шесто одделение. Тврдат дека ова решение е политички пазар помеѓу СДСМ и ДУИ кое има за цел да ја дефокусира јавноста.

Коалицијата Алијанса и Алтернатива ги потсетија ДУИ дека ова не беше нивно предизборно ветување и токму затоа  бараат официјализирање на албанскиот јазик на целата територија, како единствен начин Македонија да стане држава за сите.

Уште поголем проблем според Алијанса и Алтернатива е што новиот концепт предвидува дека наставниците кои ќе го предаваат македонскиот јазик на албанските ученици немаат обврска да го познаваат албанскиот јазик.