Македонија
17. August 2022 - 16:44

Алијанса бара техничка влада и предвремени избори, и за ВМРО-ДПМНЕ изборите се решение за проблемите

Техничка влада за справување со економската и енергетската криза, евроинтеграциите, но и која ќе организира брзи предвремени избори бараат од опозициската Алијанса на Албанците. Идејата ја промовира потпретседателот на партијата Таравари кој коментира дека владата на Ковечевски нема никаков легитимитет да ја води државата.

Таравари вели владиниот кабиент треба да биде непартиски, а инцијативата за негово формирање треба да ја поведе шефот на државата Пендаровски.

И од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека Ковачевски нема легитимитет, но и дека го нема потребното мнозинство за уставните измени што ги најавува, а се поврзани со внес на Бугарите во највискиот акт.  И тие сметаат дека брзи предвремени избори се решение и за спорниот проткол со Софија, но и за енергетската и економската криза.

Од владата пак, велат време е ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да дадат поддршка на евроинтеграциите. Сепак, коментираат дека рано е да се зборува за уставните измени и дека скрининг процесот од Брисел дава доволно време за тие да бидат донесени со поширока пратеничка поддршка.