Али Хамнеи: Пропаганда за закана од коронавирусот се обиде да одврати Иранци од гласање
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, денеска ја обвини непријателската пропаганда дека со преувеличување на заканата од коронавирусот се обиделе да одвратат луѓе од гласање на парламентарните избори во Иран.
Иранските власти се уште не ги објавија конечните резултати од парламентарните избори одржани во четвртокот. Властите исто така не објавија информации за одзивот.
Слаб одзив може да укаже на незадоволство од иранското раководство, јавуваат западни медиуми.
– Нивните (пропагандни) медиуми не пропуштија ниту најмала можност да ги обесхрабрат луѓето, рече ајатолахот.
Иран го пријави првиот случај на коронавирус два дена пред изборите и од тогаш шестмина починаа.
Околу 7.000 кандидати учествуваа на парламентарните избори за 290 места. Затворањето на избирачките места беше одложено неколку пати со цел да учествуваат што е можно повеќе гласачи.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот