Фудбал
19. January 2016 - 12:22

Алесандрија втор полуфиналист во Купот на Италија

   Екипата на Александрија е вториот финалист во фудбалскиот Куп на Италија.
 
Нисколигашот Александрија направи голема сензација со пласманот меѓу четирите најдобри во „Копа Италија’’ откако синоќа во четвртфиналниот натпревар против второ лигашот Специја забележа победа со 2:1.
 
А, таму, Алесандрија за противник ќе ги има Милан кој пласман во полуфиналето обезбеди со победата од 2:1 над Капри на мечот одигран пред седум дена. 
 
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од мечевите Наполи – Интер (се игра вечерва од 20.45 часот), односно Лацио – Јувентус кои ќе играат утревечер.