Џет-Сет
24. September 2016 - 20:24

Ален Делон пристигна во Белград, се очекува и Парис Хилтон

Познатиот француски глумец Ален Делон синоќа пристигна во Белград, објави српската телевизија РТС.

Осумдесет годишниот Делон бил пречекан на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од возач и веднаш бил префрлен во хотел.

Според српските медиуми, посетата на актерот на Белград не е поврзана со филмската индустрија, туку станува збор за приватна забава организирана од светски позната козметичка компанија.

На забавата се очекува да присуствуваат и Парис Хилтон и јамајскиот пејач Шон Пол.

Трите светски јавни личности ќе останат три дена во Белград.