Александрова: Вистинското место за заштита на националните интереси на РМ се случи во Собранието
Осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги поддржат уставните измени и се надеваат дека е можно тие да биде изгласани уште вечерва.
Во преговорите со власта, како што соопшти вечерва на прес-конференција во Собранието, пратеничката Емилија Александрова, успеале да ги одбранат македонските национални интереси.
-Покрај веќе утврдените амандмани на Уставот кои произлегоа од договорот од Преспа денеска се постигна сосгласност со која само нормативно се допрезицира начинот на кој ќе биде впишано државјанството за другите етнички заедници во личните документи. При тоа нашето барање државјанството да остане македонско, да е заштити идентитетот е во целост испочитувано. Се што е договорено веќе е во согласност со постојните уставни и законски решенија, односно постоечкиот амандман 5 во Уставот на Република Македонија, рече таа.
Додаде дека вистинското место за заштита на националните интереси на РМ денеска се случила токму во Собранието.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица