Спорт плус
26. September 2021 - 10:02

Александар "Велики" Волкановски го победи Ортега и го одбрани појасот во УФЦ

Александар Волкановски, Австралиецот со македонски корени ја одбрани титулата шампион во перо категорија во УФЦ совладувајќи го предизвикувачот Брајан Ортега од САД.

Во полната „Т-мобиле“ арена во Лас Вегас се очекуваше детронизирање на Волкановски бидејќи не е многу популарен меѓу Американците но тој ги замолчи сите и го совлада Ортега со едногласна судиска одлука (49-46, 50-45, 50-44) по пет возбудливи рунди.

Ова е втора одбрана на појасот во перо категорија за Волкановски и 20. победа едноподруго во неговата ММА-кариера, во која има вкупен биланс 23-1. Ортега го претрпе вториот пораз во 17 борби.

Волкановски е роден во Варила, Австралија, од мајка Гркинка и татко Македонец, но во сите свои борби настапува со австралиското знаме.