Македонија
19. January 2016 - 11:06

Александар Мицевски го фати светиот крст во Дебар

Православните верници во Дебар ја продолжуваат традицијата и за големиот православен празник Богојавление - Водоци. Во црквата „Света Петка" освен постојаните жители од градот на богослужбата и фрлањето на светиот крст присуствуваа и голем број дебрани кои живеат во други градови во државава.

Светиот крст во базенот, кој се наоѓа во дворот на црквата го фрли намесникот на дебарската парохија, Благоја Спироски. Меѓу трите момчиња кои скокнаа по чесниот крст најсреќен беше Александар Мицевски, од Охрид,по потекло од Дебар, инаку матурант на средното медицинско училиште во Струга.

Александар по третпат едноподруго го фаќа осветениот крст. - Пресреќен сум. Овде го минав детството. Живеам во Охрид но јас сум дебранец. Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите, рече Мицевски.

Црковниот одбор за него обезбеди награда, а со пари го даруваа и верниците.