Свет
5. December 2019 - 13:07

Александар Лукашенко: Белорусија никогаш нема да влезе во составот на која било држава

Белорускиот претседател Александар Лукашенко нагласи денеска дека Белорусија никогаш нема да влезе во составот на која било држава, дури и на Русија.

– Никогаш не сме имале намера да влегуваме во состав на која било држава дури и со братска Русија, изјави Лукашенко за локални медиуми.

Според него, Белорусија и Русија не комуницираат за политичка интеракција вклучувајќи го и прашањето за формирање заеднички парламент.

Лукашенко додаде дека нема да потпише интеграциски документи што и прават штета на Белорусија. Русија и Белорусија веќе имаат релативно отворена граница и заедничка трговска зона.