Балкан
14. July 2018 - 20:14

„Албанските соколи” се уапсени се поради грабежи, а станаа славни поради имиџот

Албанските браќа Труши, во таа земја познати како „албански соколи” стигнаа до медиумтие по низа грабежи во луксузни вили во Италија.

Тие се уапсени во 2015 година, по подолго криење.

Имаат богато полициско досие, а еден од браќата, Едуард Туши ќе биде испорачан во Албанија. При апсењето кај него се пронајдени 24 илјади евра и 5 „Ролекс“ часовници од кои еден бил украсен со
дијаманти.

Нивните криминални активности завршија неславно, но поради грабежите станаа познато име во Италија.

Тука на Балканот станаа славни поради имиџот, со кој се шегуваат и Албанците и Србите и останатите жители на овие краишта.

Фатени се додека возеле украден мерцедес, по еден од нивните грабежи.