Македонија
4. March 2017 - 16:25

Албанските партии ги демантираат тврдењата на СДСМ - БЕСА потврди дека Еди Рама е автор на платформата

Тиранската платформа која СДСМ прифати да ја реализира во Македонија не е напишана од ДУИ туку директно од Владата на Албанија. Движењето БЕСА во писмо до албанскиот премиер Еди Рама се жали дека интегративците го присвоиле неговиот документ директно откривајќи пред македонските граѓани дека СДСМ и ДУИ ќе ја редефинираат Македонија по албански терк.

Од БЕСА велат дека немаат намера да седнат на заедничка маса со ДУИ без посредство на Рама што е само уште еден доказ дека платформата која и се подметнува на Македонија е документ подготвен  од албанскиот премиер.

Токму Рама бара Македонците да прифатат дека Албанците се државотворна нација во Македонија и затоа треба да имаат целосна јазична еднаквост на сите нивоа на власта.

Рама преку ДУИ и СДСМ бара промена на македонското знаме, химна и државниот грб за да ја рефлектирале мултиетничноста. Токму албанскиот премиер, според она што го потврди БЕСА инсистира македонското Собрание да го осуди наводниот геноцид врз албанскиот народ во Македонија во првата половина на минатиот век како и да се ослободат од затвор обвинетите и осудените во случаите Монструм, Бродец и Диво Насеље.

Од ДУИ вчера потврдија дека влегуваат во Владата за да ја реализираат платформата

Во ситуација кога мнозинството граѓани остана без можност да носи одлуки во Собранието и постои опасност од редефинирање на Македонија, граѓаните преку иницијативата За Заедничка Македонија најавуваат уште помасовни протести за да се спречи, албанската Влада да инсталира свои документи во Македонија.