-->
-->
Албанските медуми: Нашиот сосед и пријател Северна Македонија и официјално членка на НАТО
-->
Албанските медиуми, без исклучок, ја преноса веста за официјалното полнопрвно членство на Северна Македонија во НАТО Алијансата.
Една од најгледаните телевизии Топ чанел, со наслов „Северна Македонја и официјално стана членка на НАТО“ наведува дека добриот сосед и пријател на Албанија, од денес е дел од семејството на Алијансата.
„Голема вест за Северна Македонија, официјално членка на НАТО“. Под овој наслов веста ја пренесува агенцијата Балкан веб, која пренесува и дел од изјавата на шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, во која тој вели дека членството се случува во вонредни околности кога светот и човештвото се справуваат со можеби најголемиот глобален предизвик по Втората светска војна.
Телвизијата Ора њуз веста ја пренесува под наслов „Северна Македонија членка на НАТО“ и меѓу дргото го пренесува делот од изјавата на министерот Димитров каде што вели дека „ со ова завршија 27-те години од нашиот пат кон полноправно членство во НАТО, што започна во 1993 година“.
Медиумите потсетуваат дека Албанија е меѓу првите земји чиј Парламент го ратификувал пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО.
Додаваат дека тоа направено со 130 гласа „за“ и ниту еден против, во присуство на собранскиот спикер Таљат Џафери, во февруари минатата година.
Посочуваат дека церемонијата на подигање на знамето на Северна Македонија планирано е да се одржи во седиштето на НАТО во Брисел на 30 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација