Балкан
18. January 2016 - 14:54

Албанските демократси се подготвуваат за предвремени избори

На седница на парламентрната група на најголемата опозициска сила, Демократската партија, лидерот Љуљзим Баша, изјави дека опозицијата се подготвува за предвремени парламетарни избори и заминување на актуелната влада на премиерот Еди Рама.

Тој нагласи дека мисијата на опозицијата во 2016 година е заминување на „двојката олигарски Рама-Мета“.

-Што се однесува до избори,ДП се подготвува и да се соочи со двојката Рама-Мета. Тие се олигарси,ние сме демократија. 2016 е година на интензивирање на нашата политичка активност за заминување на Владата,- изјави Баша.

Според него годинава се предвидува да биде многу полоша од ланската на економски план. Затоа, смета тој, Програмата која ја нуди Демократската партија е понуда за Албанците која предвидува развој, вработување, стимулирање на економијата, развој на земјоделството, инфраструктурата, намалување на даноците,дополнителните такси,намалување на ДДВ.