Балкан
8. јуни 2019 - 21:03

Aлбанскиот претседател Илир Мета ги одложи локалните избори, Рама возврати експресно

Албанскиот претседател Илир Мета го одложи одржувањето на локалните избори на 30 јуни.

Во соопштенето од неговот кабинет тој искажа големата загрженост поради длабоката политичка криза во земјата поради „несогласувањето на ни една страна“ да се седне на дијалог.

-Имајќи ја предвид итната потреба да се смири ситуацијата и ризикот од непредвидлива ескалација на конфликтот во земјата преземам висока уставна и институционална одговорност, а убеден дека заштита на уставните начела е поважна од секој правен термин како шеф на државата и почитување на заклетвата за да се одржи секој услов за стабилност, мир, социјално и национално единство, го поништувам указот со кој локалните избори требаше да се одржат на 30 јуни, стои меѓу другото во соопштението.

Нагласуваувајќи го фактот дека со последните случувања се нарушува имиџот на Албанија во светот, се наведува дека подетално образолежение за причините за одлагање на изборите ќе даде в понеделник.

Експресно, од изборен митинг во Берат, му одговори премиерот Еди Рама,кој му порача дека избори на 30 јуни ќе има.