Албанскиот премиер збесна поради укинувањето на визите: Потегот на Холандија без преседан, само да не биде домино ефект
Предлогот го подготви група од четворица пратеници во холандскиот парламент со предлог за суспендирање на слободното движење на Албанците во Шенген зоната. На 11-ти април холандскиот парламент дебатираше за предлогот. Сега Парламентот бара од холандската влада да го предложи на Европската комисија, како почеток на таканаречената “стоп процедура”, со која ќе се прекине слободното движење за Албанците во Шенген зоната.
Предлогот беше поднесен од страна на пратеникот на Христијанско-демократската влада, Медлин ван Торенбург со уште тројца колеги. Нивниот аргумент е дека бројот на криминалци со потекло од Албанија се зголемил поради злоупотреба со Шенген визата.
Ова не е првпат холандските политичари да преземат слични иницијативи против Албанците. Минатата година имаше обид да се стави вето на преговорите за пристап на Албанија во ЕУ. И тоа беше од холандските политичари, а во 2013 година, се обидоа да стават вето на кандидатскиот статус на Албанија во ЕУ.
Албанскиот претседател Илир Мета, по повод одлуката на холандскиот парламент изјавил дека Тирана треба да направи се за што е во нејзина моќ за да таква одлука да не би предизвикала домино ефект.
- Постапката на холандскиот парламент е без преседан, бидејќи колку што мене ми е познато, до сега не се случило да постои вакво барање од Западен Балкан и нашата држава. разбирам, тоа е алрам и ми треба да испратиме силни пораки за организиран криминал, кој не е забранет само во Холандија, туку и во други држави попат Велика Британија, истакна Мета.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари