Балкан
2. February 2021 - 11:35

Албанскиот премиер Еди Рама ја прими и втората доза на вакцина против Ковид-19

Премиерот на Албанија, Еди Рама денеска ја прими и втората вакцина против корона вирус.

Рама ја прими првата вакцина меѓу првите коишто се вакцинирале кон средината на месец јануари. Тогаш тој изјави дека ќе се вакцинира меѓу првите се со цел да ги остстрани сомнежите кај населението околу вакцинацијата против корона вирусот.