Балкан
8. October 2015 - 9:31

Албанскиот амбасадор во Белград одби да прими протестна нота

Амбасадорот на Албанија во Белград, Илир Бочка одби да ја прими протестна нота испратена од Министерството за надворешни работи на Србија.

- Спротивно на дипломатските правила и пракса албанскиот амбасадор Илир Бочка одби да одговори на повикот на МНР и да ја прими протестна нота од Република Србија поради тежок инцидент и напад врз српската фудбалска репрезентација со образложение дека ништо не се случило, соопшти српското МНР.

МНР на Србија најави дека поради таквиот непримерен чекор на Бочка ќе преземе соодеветни мерки во согласност со дипломатската пракса.

Инцидентот се случил вчера на пат од аеродромот до хотел во Тирана, кога автобусот бил нападната со камења од страна на засега непознати лица.