Албански министер бара Србија да плати воена отштета на Косово
Вршителот на должноста министер за надворешни и европски прашања на Албанија Гент Цакај изјави денеска дека Србија треба да го иницира прашањето за плаќање на воена отштета на Косово и оти процесот на нормализација на односите меѓу двете земји треба да заврши со признавање на независноста на Косово.
На средбата со амбасадорот на Косово во Тирана Наит Хасани, Цакај ја потенцираше потребата од заедничка политичка акција против кампањата на Србија за повлекување на признавањата на Косово.
Тој, исто така, на „Фејсбук“ напиша дека соработката меѓу двете држави би можела да се зајакне преку создавање заеднички пазар и единствена царинска унија.
„Посебно ја истакнавме потребата од заедничко дејствување на Албанија и Косово кога станува збор за воените злосторства, проектите на етничко чистење и геноцидот кој Србија го направи во Косово. Нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, исто така, значи однос кон системските злосторства против албанскиот народ во Косово“.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата