Албански емигрант во САД осуден на 22 години затвор поради тероризам
Албански емигрант, кој имал и државјанство на САД а живеел во Бронкс, е осуден на 22 години затвор, откако го признал обвинението за тероризам.
– Сајмир Алимехмети (26) во февруари минатата година признал дека донирал материјална помош за Исламската држава во Сирија и Ирак. Роден во Албанија, тој нашол работа во Њујорк како помошник водоводџија и се подготвувал да работи во погребално претпријатие, објави порталот Албеу.
Во мај 2016 година бил уапсен од Заедничката терористичка екипа во Бронкс и обвинет е за материјална помош на ИД. Според обвинението, тој собирал разни ножеви за борба, кои можеле да се користат при евентуален терористички напад.
Исто така, се обидел да патува на Блискиот Исток за да стане член на ИД, но двапати бил спречен од страна на британските власти во 2014 година. Во неговиот дом е пронајдено знаме на ИД, видео од терористичка група и пропаганден материјал.
Дури и во затвор, по неговото апсење, Алимехмети ја продолжил својата работа за ИД со ширење пропаганда меѓу затворениците, во соработка со осудениот за поставената бомба во населбата Челзи, Ахмад Кан Рахими.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж