Македонија
4. December 2018 - 13:48

Албански државјанин приведен во Тетово, еве зошто

Вчера околу 22.35 часот во село Боговиње, тетовско, бил приведен Р.Н.(20) од Република Албанија, кој непријавено престојувал во Република Македонија.

Тој бил пронајден во патничко возило „Рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил и В.З.(23) од Тетово, а го управувал Ш.И.(26) од Тетово.

Р.Н. бил приведен и предаден во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.