Македонија
21. August 2018 - 12:39

Албански државјанин осомничен за силување во обид во Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.К. (28) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. 

На 19 месецов во 00.05 часот пријавениот се обидел да изврши обљуба врз 48-годишна жена од Гостивар во влезот од зграда во која што живее. Пријавениот веднаш е приведен во полициска станица.