Албански државјанин и двајца дебрани заработија кривични пријави за производство и промет на дрога и помагање
Албански државјанин и двајца жители на Дебар заработија кривични пријави за „неовластено производство и промет на дрога“ и „помагање“.
-Оделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Во исто време поднесена е кривична пријава и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Според него, првопријавениот, во месноста „Врабич“, во близина на регионалниот пат Дебар – Струга, во грмушка сокрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама опојна дрога марихуана.
Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и трето пријавените кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари