Македонија
18. July 2019 - 10:29

Албански државјанин баран преку Интерпол уапсен на ГП Богородица

Вчера во 18.50 часот на граничен премин „Богородица“, полициски службеници го привеле Т.Г.(37) од Република Албанија бидејќи се наоѓа на листата со мерка „Апси“, по меѓународна потрага од Интерпол.

Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.