Балкан
24. November 2015 - 8:45

Албанската полиција заплени над 30 илјади фалсификувани евра

Полицијата од албанскиот град Корча залени фалсификувани евра, во износ од 30.700 и уапси едно лице кај кого се пронајдени истите.

Уапсен е Гетиан Ошафи (28) од Подград. Полицијата се сомнева дека фалсификуваните евра биле наменеи за набавка на дрога.

Фалсификуваните евра во апоени од 100 и 200 евра уапсениот ги носел во чанта, а бил запрен кај селото Ложан кај Корча, додека се движел со автомобил „фиат“.

Полицијата го запленила и автомобилот, два мобилни телефони и патна исправа. Во тек е истрага каде се печатени парите.