Албанската полиција заплени 2,7 тони марихуана
Албанската полиција во неколку одделни акции заплени 2,7 тони марихуана.
Во акцијата,насловена „Богова“ во Скрапар и Берат запленети се околу 1,9 тони марихана,три парчиња оружје, куршуми за истото а уапсени се и три лица.
Дел од дрогата или 820 килограми полицијата ги отркила натоварени во камион пред куќата,сопственост на лицето Ислам Зулуфтари,кој е уапсен.
Во куќата сопственост на В.З.кој е во бегство, откриени се 50 вреќи со вкупно 490 килограми марихуана.Остатата количина на марихуана е запленета кај лицето М.З.исто така во бегство.
Во други две одделен акции полицијата од градот Лежа запленила 700 килограми марихуана.
Во куќа во селото Ишул,кај Лежа полицијата открила и запленила 300 килограми пакувани во вреќи,при што уапсен е сопственкот на куќата Пјетар Тони(56). Во втората акција на полицијата од споменатот град заплнети се 400 килограми од ова наркотично средство.
Во јужниот дел на земјата,кај Ѓирокастро полицијата запленила 90 килограми марихуана и уапсила едно лице.
Ново на Сител
-
Силјановска убедливо води во собрани донации
-
Тема на денот со Петер Бајер, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг
-
„Алкалоид“ донираше течен „омепразол“ на детската клиника и на клиниката „Козле“ за 200 дечиња
-
Преглед на вести од светот
-
30 дена притвор за полицајците од затворот „Идризово“
-
Разузнавачот останал без пасош
-
Засилена претседателска кампања
-
Бурни реакции за Резолуцијата