Албанската полиција запленети 1,5 тони марихуана
Полицијата од северниот албански град Скадар, во селото Вилум заплени 1,5 тони марихуана, која со моторен чамец требало да биде транспортирана во правец на италијанскиот брег.
Дрогата била откриена во моментот кога истата од камион била претоварана во моторен чамец.
Уапсени се пет лица меѓу кои и полициски офицер, кој користел две имиња Енрико Зилја и Прел Зилја, инаку брат на заменик командирот на граничната полиција во Скадар.
Во акцијата биле вклучени и припадници на единицата за брза интервенција. Групата била следена подолг период.
Лидерот на опозицијатаго обвни премиерот Еди Рама дека заедно со поранешниот и актуелниот министер за внатрешни работи Сајмир Тахири и Фатмир Џафај, во полицијата вработувале криминалците.
- Рама - Тахири - Џафај ја преполнија полицијата со шверцери на дрога. Потврда плус за тоа е и денешната акција, изјави Баша.
Тој додаде дека уапсениот полициски офицер претходно бил осудуван во Италија за исто кривично дело.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација