Балкан
11. November 2016 - 8:32

Албанската полиција запалени 670 килограми марихуана

Во три одделени акции албанската полиција заплени 670 килограми марихуана.

Во селото Вајза, полицијата од приморскот град Валона заплени 480 килограми марихуана во напуштена куќа на влезот од селото.

Полицијата работи на откривање на сопствениците на дрогата.

Во втората акција, во селото Поро, полицијата од Валона заплени околу 104 килограми марихуана и 120 стебла од ова наркотично растение во фаза на сушење. Уапсена е Диана Наси(42) а се трага по Х.Н.(45).

Поголемиот дел од запленетата дрога или 89,7 килограми полицијата ја открила во куќата Х.Н.каде се откриени и 90 стебла марихуана кои се уништени со палење.

Граничната полиција пак, во планинскиот појас во близина на Скадарско Езеро заплени 85,5 килограми марихуана.

Откако збележала три лица со вреќи, кои се движат во правец на границата со Црна Гора, полицијата почнала да ги следи,н о поради тешкиот терен и неповолните временски услови, лицата успеале да и побегнат на полицијата.