Албанската полиција спречи шверц на марихуана чија дестинација била Македонија
Албанската полиција, во близина на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга спречи шверц на поголема количина марихуана,чија крајна дестинација била Македонија.
Дрогата била натоварена во комби возило (фургон) со албански регистарски таблички, кое било запрено на патниот-правец Елбасан-Ќафасан.
Во акцијата, во која биле вклучени и припадници на едницата за брзи интервенции уапсени се три лица, са ледувала по добиени сознанија дека во фургонот, во кој наводно се транспортирала друга стока, всушност има мархуана.
Во интерес на истрагата, која се проширува и на македонска територија, нема информации за колкава колична станува збор и не се соопштува идентитетот на уапсените.
Во истовреме грчката полиција во близина на Јанина уапсила албански државјанин, кој транспортирал 20 килограми мархуана. Дрогата била пакувана во 39 пакетчња, скриена во неколку делови на возилото, а била открена од куче обучено за откривање на дрогата „неро“.
Ново на Сител
-
Обвинителен акт против судија во Управниот суд
-
Состанок на Мицотакис со комесарите Схинас и Јохансон и министри од владата за миграциското прашање
-
„Дејли меил“: Дишењето воздух во Лондон е како пушење 160 цигари годишно
-
Тројца еминентни експерти по уставно право велат дека Трамп треба да биде отстранет од функција
-
„Бола-рап“ уреди за фаќање осомничени лица
-
Јапонско списание исмеано поради застарени пораки за жените
-
Кипар се обрати до Меѓународниот суд на правдата поради Турција
-
Жерновски: Добра вест од Шпанија