Балкан
4. January 2016 - 15:04

Албанската полиција приведе 20 имигранти

Албанската полиција, во близина на граничниот премин Какавија, на албанко-грчката граница открила и привела група од 20 имигранти.

Според полицијата групата влегла од територијата на Грција преку илегален премин.

Групата,која била откриена во месноста Неправиште, ја сочинувале 18 Мароканци и двајца Пакистанци.

Пред полицијата тие признале дека низ Албанија минуваат само транзит, а цел им била патот да го продолжат преку Црна Гора, додека крајната дестинација Германија.

Неподамна албанската гранична полиција приведе група од 37 имигранти исто така во близина на споменатиот премин,кои нелагелно влегле од Грција.

Нивната намера била преку Албанија да минат само транзит а патот да го продолжат за Црна Гора а потоа за некоја западно европска земја.