Балкан
8. јуни 2019 - 14:59

Албанската полиција потврди дека има „вознемирувачки“ информациии за вечерашниот протест

Албанската полиција,неколку часа пред почетокот на протестот на обединетата албанска опозиција, апелираше за мирен протест и побара од организаторите да не ги преминуваат границите на законот.

Ова е првпат полицијата да се обраќа пред закажан протест на опозицијата, а тоа поради „вознемирувачки информации“ со кои располага.

-Денес, некои политички сили свикаа протестен митинг. Државната полиција ги презеде сите мерки за да ја гарантира демократската слобода на собирот и истовремено бара соработка со организаторите за да се избегне насилството за време на истиот. Поради загрижувачкте информаци со кои располага полицијата ги повикуваме сите учесници да не ги преминуваат границите на законот,апелираше Аида Хајнај,заменик директор на албанската полиција.

Исто така, поаѓајќи од она што се случуваше на претходните протести,кога,според неа, маскирани лица ги напаѓале мирните протестанти со метални шипки, полицијата ги повикува организаторите да ги отстранат од толпата маскираните и лицата кои со себе носат тврди предмети и да и ги предадат на полицијата.

Според Хајнај, полиција утврдила дека меѓу притворените во претходните протести има лица со криминални досијеа, како што е еден од напаѓачите на двајца мирни демонстранти,татко и син, а кој е осудуван за меѓународна трговија со дрога. За овој напад опозицјата ја обвнуваше полцијата,но,како што рече Хајнај, снимките покажаа друго.

-Ги повикуваме организаторите да ја преземат целата одговорност и да не дозволат девијација на протестот. Исто така потсетуваме дека употребата на пиротехника не е само незаконска, туку и исклучително опасна за здравјето и животот на полицијата и граѓаните. Државната полиција ќе се држи до строгиот демократски принцип на пропорционалност и е подготвена да реагира во целосна пропорција, на секој чин на насилство, апелираше заменик дректорката на албанската полиција.

Таа ги повика граѓаните на Тирана, кои не се заинтересирани за протестот, да го избегнат „движењето по периметарот на денешниот протест, кој ќе биде под целосен полициски мониторинг“.

Протестот на опозицијата почнува во 19 часот пред Владата во Тирана.