Албанската опозиција најави радикализација на протестите
Албанската опозиција, која протестира без прекин од 18 февруари, од следната недела најави радикализација на протестите, почнувајќи со блокирање на сите патни правци во земјата, јави дописникот на МИА.
За в понеделник, ден пред доаѓањето во Тирана на германскиот преговарач за надмнување на политичката криза во Албанија, Дејвид Мекалистер, кој е претседавач со Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, опозицијата најмалку еден час ќе ги блокира патиштата.
- Ќе се обединиме меѓу 11 и 12 часот за целосна блокада на националниот сообраќај низ цела Албанија, најави лидерот на најголемата опозициска сила во земјата, Демократската партија, Љуљзим Баша,
Тој верува дека оваа форма на протест, користена и претходно од неговата партија, ќе ја засили пораката на одлучност на опозицијата дека не се откажува од барањето за техничка влада.
- Единственото решение е техника влада со народен мандат да се бори против дрогата, да го гарантира гласот на Албанците и да ги истера крминалците од извршната власт. Дијалог? Апсолутно, за да се постигне тоа, порача Баша.
Тој додава дека она што го почнуваат в понеделник ќе биде само „прво предупредување дека нема враќање од патот за целосна победа на граѓанската кауза“.
Паралелно со протестите в понеделник, за кои не ја отфрла можноста да продолжат, обеднетата опозиција се подготвува и за масовен протест на 7 мај во градот Каваја, кога ќе се гласа за избор на градоначалник, со цел, според Баша, да се спречат избори „организирани од соживотот на Владата со криминалот“
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација