Балкан
10. May 2016 - 8:39

Албанската опозиција бара формирање техничка влада за спроведување на избори

Лидерот на најголемата албанска опозициска партија,Демократската Љуљзим Баша изјави дека спроведувањето на парламентарните избори догодина е тешко да се реализира, поради што потребно е формирање техничка влада, јави дописникот на МИА од Тирана.

- Параметрите се за една техничка влада, бидејќи Еди Рама покажа дека не е во состојба да гарантира слободни и фер избори. Без изборна реформа, ништо друго нема да функционира нормално во земјава, изјави Баша по средбата со парламентарната група на партијата.

Според него, парламентарната група ја финализирала расправата околу изборната реформа и одлучила да предложи формирање ад хок комисија за изборните реформи, контрола на финансирањето на партиите и, како што рекол, кримининалните донации на партиите.

- Исто така ќе предложиме и слобода на медиумите и поденаков медиумски простор и други европски параметри за слободни и фер избори, додал Баша. 

Тој повторно ја обвини актуелната влада на премиерот Еди Рама за корупција, криминал и продлабочување на сиромаштијата во земјата, ветувајќи дека Демократската партија ќе донесе подобри денови за земјата и нејзините граѓани.