Македонија
20. November 2023 - 19:49

Албанската опозиција бара Џафери да закаже избор на нивниот член во ДИК

Нов апел на Европскиот сојуз за промени собранискиот спикер Џафери веднаш да закаже седница за комплетирање на составот на Државната изборна комисија со Абдуш Демири како предлог на албанската опозиција.

Опозциската тројка: БЕСА, Алтернатива, Демократско движење бара изборот да биде направен веднаш со оглед дека огласот за нов член на ДИК е затворен речиси две недели.

Секое друго дејствие би било јасен показател дека власта, чиј дел е и претседателот на Собранието, се подготвува да следните избори бидат манипулирани, недемократски и без претставник на албанската опозиција, следствено да е неуреден и недемократски процес…Првите индиции за манипулациј на изборите веќе се дадени од министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој како претседавач со ОБСЕ се обиде да влијае на намалување на бројот на набљудувачи.

Од Европскиот сојуз за промени не сакаат да ги коментираат најавите дека власта ја чека Алијанса на Таравари дали ќе остане во Владата или пак, ќе се врати во опозиција, што би значело дека ова место би би припаднало на нејзе.

Од кабинетот на Џафери велат дека не е до собранискиот спикер, туку се чека Комсијата за избори и именувања која е во рацете на СДСМ. Според кабиентот, оваа комсија треба да направи листа на кандидати пријавени на огласот и од нив да го утврди предлогот на албанската опизција, па дури потоа да се направи конечниот избор на седница.