Балкан
18. September 2018 - 13:31

Албанската мафија го презеде британското подземје: Тргуваат со дрога и луѓе, фаслификуваат пари, а ова им е кралот на кокаинот

Албански криминалци ја презедоа контролата над трговијата со наркотици ширум Англија, тврдат британските медиуми.

Полицијата од Западен Мидландс минатата година уапси 140 државјани од Албанија, од кои 51 лице се обвините за кривични дела врзани со трговија на дрога.

Националната агенција за криминал тврди дека албанските криминални групи „воспоставија значително влијание во органиизираниот криминал во Велика Британија и дека имаат значајна улога над пазарот со дрога во Велика Британија“.

Klodjan Copja

Во југоисточна Англија како најголем „крал на кокаинот“ се споменува Клоѓан Цопја (31), кој е осуден на 17 години затвор поради трговија со наркотици.

Цопја (31) и неговата ултра-насилна банда од Елбасан во Велика Британија увезле кокаин вреден дури 150 милиони фунти.

Полицијата следела еден нивен курир кој секоја недела одел во Кент, каде камион со кокаин стигнувал од копното. Курирот потоа дрогата ја насел со организирани криминални групи во Лондон, Бирмингем, Личестер и Нотингем.

Bekim Domi i Škelkim Dardha

Меѓу криминалците од Албанија се и Беким Доми и Шкелким Дарда, во чиј мерцедес полицијата пронајде кокаин во вредност од 120.000 фунти. Тие се затворени во 2016 година.

Криминалците од Албанија, освен во трговија со дрога се вклучени и во фалсификување пари и трговија со луѓе.