Балкан
21. April 2017 - 8:48

Албанската Изборна комисија не го продолжува рокот за поднесување кандидатури

Албанската централна изборна комисија (ЦИК) нема да го продолжи рокот за пријавување за престојните јунски парламентарни избори, јави дописникот на МИА.

Вакво барање до Комисијата достави Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама и Социјалстичкото движење за интеграција на претседател на Парламентот, Илир Мета.

- Комисијата го разгледа барањето, но не го одобри. Нема време за вакви политички маневри, изјави претседателот на Комисијата, Денар Биба.

Двете владејачки партии побарале за неколку дена да биде продолжен рокот за регистрација на коалиции за парламентарните избри закажани за 18 јуни.

Грамоз Ручи и Луан Рама, кои како претставници на двете партии го потпшаа барањето доставено до ЦИК, велат дека барањето го засновале на давањето шанса повеќе „за да преговараат со опозицјата и да се овозможи и нејзино учество на изборите“.

Но, Демократската партија, која ја предводи обединетата опозиција, ја отфрли поканата. Нејзиниот претставник Еди Палока, достави барање до ЦИК во кое наведува сосема спротивну аргуметните на владините партнери.

Одлука за продолжување на рокот, според демократите „не само што е противзаконска“, туку ЦИК ќе ја обележела како „политичка институција во рацете на Владата“ и ќе го зазгрозела изнаоѓањето какво било политичко решение за длабоката политичка криза во земјата.