Бизнис
27. September 2018 - 19:45

Албанската фармацевтска компанија Саген ќе инвестира 20 милиони во зоната во Скопје

Албанската фармацевтска компанија „Саген“ ќе гради фабрика во Бунарџик. Ова е прва албанска инвестиција во индустриските зони во Македонија.

Инвестицијата ќе биде во 2 фази, во првата  ќе вложат 6,5 милиони евра, а ќе се вработат до 70 луѓе. Целосната инвестиција ќе чини 20 милиони евра, а ќе се отвори работа за 300 луѓе.

-Во објектот во Скопје со напредна најсовремена технологија ќе се произведуваат стерилизирани фармацевтски производи кои ќе можат да се извезуваат насекаде во светот, рече сопственикот Исуф Бербери.

Објект треба да биде изграден за една година отсега.

-Предноста на овој објект е што ќе се вработат високостручни лица и што ќе произведува финален производ, рече Анѓушев.

Новата инвестиција ќе придонесе за вкупниот извоз.

Планот за економски раст дава резултати и во првите месеци од годинава има 327 милиони евра директни странски инвестиции, рече Бектеши.

Наместо камен темелник, инвеститорот засади 300 годишно маслиново дрво како симбол на мирот и пријателството.