Балкан
23. April 2021 - 14:09

Албанската армија од денеска обезбедува 74 објекти од посебно значење

Заменик директорот на албанската државна полиција Алберт Дервишај, соопшти дека полицијата од денеска е во степен на готовност и засилена служба за неделните парламентарни избори, а припадниците на албанската армија веќе почнале да обезбедуват 74 објекти државен интерес.

Додаде дека полицијата е подготвена за изборите за чија безбедност ќе бидат ангажирани 7.519 полициски службеници од сите сектори, кои претходно минале соодветна обука.

-Полицијата презеде мерки за безбедност на изборите. Ангажиравме 7.519 полицајци за изборите, кои меѓу другото ќе ги обезбедуваат и сите 5.199 избирачки места. Подготовките за изборите започнаа од декември 2020 година. Доставени се изборните материјали и печатите што од нас го побара ЦИК а до неа ние го испративме списокот со полициските службеници, кои ќе гарантира ред и безбедност на денот на изборите, рече Дервишај.

-Ги подготвивме структурите за какво било обвинување, што има врска со купување гласови или други нерегуларности на изборите. Соработувавме со ОБСЕ и други институции во земјата. На 24 и 25 април е изборен молк и не треба да се одржуваат митинзи или други форми на политичка пропаганда. Подготвени сме да ги чуваме изборните субјекти и решени сме да ја држиме територијата под контрола, нагласи тој.

Оцени дека полициските должности се извршуваат со целосна одговорност и оти досега не е откриен ниту еден полициски службеник вклучен во какви било изборни нерегуларности.