Балкан
2. October 2022 - 18:08

Албанија за октомври купи струја за 34 милиони евра

Албанската електрокорпорација, КЕШ, обезбеди енергија за да ги задоволи потребите на земјата за месец октомври, во вредност од околу 34 милиони евра.

Според податоците, купени се вкупно 74.500 мегавати по просечна цена од 455,24 евра.

До сега КЕШ обезбедуваше струја за најмногу десет дена.

Ова е првпат да обезбеди струја за цел месец што се случува во време кога Владата се повлече од одлуката, која требаше да стапи во сила од вчера. Со неа домаќинствата кои ќе потрошат над 800 киловатчасови месечно требаше да плаќаат поскапа струја за 4,4 пати, односно наместо 9,5 лека 42 лека за квч.

За задоволување на потребите компанијата до сега набавила струја во вредност од 329 милиони евра, а до крајот на годинава планира да потроши 500 милиони евра.